Објавено на:

(Видео) Путин му подари на Ким Џонг-Ун руски „ѕвер“ од автомобил

t

Рускиот претседател Владимир Путин на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му подари автомобил од руско производство, објавија државните медиуми во Пјонгјанг.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди за Спутник дека станува збор за автомобил „аурус“.

Подарок за севернокорејскиот лидер го примила неговата сестра, заменик на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја, Ким Јо Јонг, на 18 февруари, како и секретарот на Централниот комитет на Работничката партија, Парк Чон-Чон.

Ким Јо Јунг изјавила дека подарокот е јасен доказ за посебното пријателство меѓу лидерите и дека е најдобриот подарок. Таа му се заблагодари на рускиот претседател за подарокот.

Путин му го покажа автомобилот на Ким Џонг Ун кога беше на космодромот Восточни во септември 2023 година. Токму во овој автомобил на средбата пристигна и рускиот претседател. Ким Џонг Ун прво го погледнал автомобилот однадвор, потоа внатре и седнал на задното седиште, додека Путин му кажал за карактеристиките на автомобилот. Потоа се упатија кон друг модел на „аурусот“ за севернокорејскиот лидер да може да ги проучи моделите.

Инаку, Ким Јонг Ун често користи лимузина Мајбах.

Подарокот, како дел од зајакнувањето на врските меѓу двете земји, најверојатно е во спротивност со санкциите на ОН наметнати на Пјонгјанг во 2017 година. Резолуцијата за санкции ја потпиша и Русија, а тие меѓу другото се однесуваат и на забраната за увоз на возила во Северна Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…