Бајден го нарече Путин луд
Американскиот претседател Џо Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“, наведувајчи дека заради него и нему сличните, секогаш треба да се грижи за можен нуклеарен конфликт, иако, како што рече,, климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото, пренесува АП.
Вербалните напади на Бајден против Путин нагло се интензивираа, особено по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални. „Не знаеме што точно се случи, но нема сомнеж дека смртта на Навални е последица на нешто што го направија Путин и неговите насилници“, рече Бајден во Белата куќа.
Кремљ негираше вмешаност во смртта на Навални и рече дека западните тврдења дека Путин е одговорен се неприфатливи. Бајден и Путин остануваат длабоко во несогласување околу руската инвазија на Украина пред две години.
Бајден и претходно во јавноста беше фатен како го употребува навредливиот израз „кучкин син“, како што го нарече известувачот на Фокс њуз од Белата куќа во јануари во 2022 година, потсетува „Гардијан“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем скандал го тресе Киев: Четворица војници…
Обвинувања за незаконско задржување луѓе во објект…
Нова војна против Иран би можела да…
Поранешниот ирански министер за надворешни работи и…
Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите…
Новите сајбер-напади врз фрижидери во супермаркети во…
Дарко Костовски му одговори на Зијадин Села:…
Зијадин Села напишал Бутел бил следен. Да,…
Славески најави шалтер во Алта банка за…
Лимитот од 10 000 денари за повлекување…