Демири: Нови грант проекти за три здравствени установи од Јапонска амбасада

t

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија. Директори на три јавно здравствени установи потпишаа договори со јапонската амбасада.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

„Со особена чест денеска присуствувам на церемонијата за потпишување нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија.

Посебно ме радува што со овие грантови се опфатени три јавни здравствени установи, како што се: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” – Скопје, која се зајакнува со нов апарат за ултразвук; Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, каде е предвидено реновирање на подовите и вратите; додека за Здравствениот дом Неготино е предвидена набавка на нов дигитален рендген апарат.

Амбасадата на Јапонија е наш партнер во заложбите за унапредување на квалитетот на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство.

Во оваа прилика, сакам да истакнам дека показател за одличната соработка која ја негуваме со Јапонија и јапонската амбасада се бројните реализирани проекти во областа на здравството и вредните инвестиции кои досега се реализирани во над 70 јавни здравствени установи низ целата држава.

Упатувам посебна благодарност до амбасадорот Оцука Казуја и јапонската амбасада за овој значаен придонес и честитам за 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија. Уверен сум дека успешната соработка ќе продолжи со уште позасилено темпо во иднина”, изјави Демири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден неуспех на јапонската вселенска копанија…

Јапонската компанија iSpace соопшти дека нивната беспилотна…

(Документи) Само делегацијата од Министерство за култура…

Министерството за култура потрошило 3.698.975 (три милиони…

Јапонија бележи рекорден пад на населението

Населението на Јапонија падна на 123,8 милиони…

Царините на Трамп ги зближија Кина, Јапонија…

Кина, Јапонија и Јужна Кореја се согласија…

(Видео) Експлозија во фабрика за автоделови во…

Во експлозија во фабрика за автоделови во…