Партијата на Орбан го предложи првиот човек на Уставниот суд за нов претседател на Унгарија
Унгарската владејачка партија Фидес го номинираше претседателот на Уставниот суд, Тамаш Суљок, за нов претседател на земјата, на местото на Каталин Новак, која поднесе оставка овој месец, објави денеска владиниот портпарол на „Икс“.
Новак, долгогодишен сојузник на конзервативниот премиер Виктор Орбан, поднесе оставка на 10 февруари по силниот јавен притисок за помилување на човек осуден за помагање при прикривање на сексуална злоупотреба во дом за деца. Скандалот предизвика големи протести минатата недела.
„Денеска, по внимателно разгледување на состанокот на парламентарната група, Мате Кочис ја објави номинацијата на д-р Тамаш Суљок, претседател на Уставниот суд, за претседателски кандидат на владата“, рече портпаролот.
Претседателот на парламентот ќе одлучи кога парламентот, во кој Фидес има големо мнозинство, ќе го избере Суљок на оваа главно церемонијална функција. Гласањето треба да се одржи во март.
Опозициските партии се уште не ги предложиле своите кандидати. Суљок е претседател на Уставниот суд од 2016 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 25 октомври започнува зимското сметање на…
Зимското сметање на времето годинава започнува на…
Папата Лав XIV денеска излегува од болница…
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV,…
Контрадикторни изјави во Бугарија за Ива: „Легално“…
Наспроти тврдењето на бегалката од македонската правда…
Македонија има злато во карате: Марко Џорлев…
Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство…
Затворски казни за навивачи на Хајдук поради…
Првата судска пресуда поради скандалозните нацистички извици…