Германија ја легализираше рекреативната употреба на марихуанатa
Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативната употреба на марихуаната, објави Би-Би-Си. Според него, сите над 18 години ќе смеат да поседуваат одредено количество, но ќе биде тешко да се купи.
Пушењето канабис на јавно место ќе стане легално од 1 април. Притоа ќе биде дозволено да се поседуваат до 25 грама марихуана, а во домашни услови до 50 грама. Полицијата во некои делови на Германија и досега не правеше проблеми за пушење марихуана во јавност, но поседувањето за рекреативни цели беше незаконско и можеше да се оди на суд за тоа.
Министерот за здравство Карл Лаутербах изјави дека новиот закон има за цел да го поткопа црниот пазар, да ги заштити корисниците од неквалитетна марихуана и да ги скрати приходите на организираните криминални групи. Сепак, легалните кофи-шопови нема одеднаш да се појават низ целата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…
ИФО: Редовниот воен рок може да ја…
Темата за враќање на обврската за отслужување…