Над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра во новиот мандат на СДСМ
Просечната плата СДСМ ја покачи на историски највисоко ниво од 40.000 денари или 650 евра! Се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.
Не само што го исполнивме изборното ветување пред граѓаните за 500 евра просечна плата туку и го надминавме на 650 евра. Поголеми плати значат повеќе пари во џебот на граѓаните, повисок и подобар животен стандард. Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма продолжува со политиките на зголемување на платите. Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни, истакнуваат од владејчката партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колева: Државата никогаш не била толку понижена…
Не гледаме ниту еден конкретен резултат од…
Кузеска: Спрема ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните…
„Непосредно пред локалните избори, во време кога…
Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…
Негативна е оценката за владата на Христијан…
Николова: Хаос со актите во образование, се…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот…
На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот…