Објавено на:

Болсонаро: Обвинувањата дека сум се обидел да направам државен удар се лажни

t

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека станал жртва на политички терор по напуштањето на претседателската функција додавајќи дека обвинувањата против него оти се обидел да изврши државен удар се лажни.

Пред десетици илјади приврзаници на собирот во Сао Пауло тој побара амнестија за стотиците осудени за напади на згради во кои се сместени јавни институции на почетокот на јануари минатата година отфрлајќи ги обвиненијата против него како политички мотивирани, јавува Би-би-си.

Болсонаро зборуваше и за следните претседателски избори во 2026 година и покрај тоа што му беше забрането да се кандидира за каква било јавна функција во следните осум години.

Полицијата истражува дали Болсонаро поттикнал неуспешен пуч по поразот на изборите во 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…

На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Бидејќи и вака се пласира од страна…

Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…

Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…