Унгарскиот парламент го избра Тамаш Суљок за нов претседател на државата

t

Унгарскиот парламент го избра Тамаш Суљок, претседател на Уставниот суд, за нов претседател на државата. Тој ќе врши претежно церемонијална улога и ќе ја наследи Каталин Новак, која неочекувано поднесе оставка на почетокот на овој месец.

Се очекува Суљок да ја преземе функцијата на 5 март.

Унгарскиот парламент денеска едногласно ја прифати оставката на претседателката Каталин Новак. Пратениците одлуката ја донесоа со 196 гласа.

Новак ја поднесе оставката до Парламентот на 11 февруари, а според Законот за правен статус на претседателот на Републиката, мандатот на шефот на државата завршува на денот кога Собранието ќе се изјасни дека ја прифаќа оставката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал со пари од ЕУ: Во Грција…

Грчките земјоделци побарале субвенции од ЕУ за…

ВАШИНГТОН СО НОВИ ПАРИ ЗА КРИТИЧНИТЕ МИНЕРАЛИ…

Официјален Вашингтон додели 500 милиони долари за…

Скопската полиција удри по мотоциклистите: 262 казнети,…

Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во…

Најмалку 15 загинати и 130 повредени: руски…

Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се…

„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници,…

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството…