Биткоинот денеска достигна највисоко ниво во последните две години

t

Биткоинот, најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација, денеска достигна највисоко ниво во последните две години од 56.000 долари, и на тој начин го покрена поширокиот крипто пазар.

Според податоците на CoinMarketCap, цената на биткоинот за два дена порасна за повеќе од 10 отсто за два дена, откако фирмата за крипто инвестиции и софтвер „MicroStrategy“ објави дека вчера купила околу 3.000 биткоини за 155 милиони долари.

Компанијата со седиште во Вирџинија моментално е најголемиот сопственик на биткоини со кои јавно се тргува. Компанијата претходно овој месец објави дека поседува околу 190.000 токени од криптовалутата, што денеска вредат над 10,5 милијарди долари.

Според Грета Јуан, шеф за истражувања на платформата за дигитални средства VDX, пазарот бил „охрабрен од крипто бикови како „MicroStrategy“, како и нов рекорд на приливи на Bitcoin ETF.

Акциите поврзани со криптовалутите, исто така, пораснаа во тргувањата во „MicroStrategy“ и на берзата за криптовалути „Coinbase“ во Сан Франциско.

Двете компании поврзани со криптовалути забележаа пораст на цените на нивните акции за 200 проценти во текот на изминатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

Момче од Србија е уапсено во Солун…

Србин на возраст од 23 години кој…