Втор случај со починато бебе во Неготино за три месеци!
Бебе на возраст од неколку недели починало во неготинско Пепелиште.
Како што дознава „Фокус“, мајката на бебето утрово повикала итна медицинска помош во нивниот дом, каде била констатирана смртта на новороденчето и била повикана полиција од страна на медицинскиот тим.
Моментално, полициски екипи биле присутни на местото на настанот. Од СВР Велес го потврдија настанот, но не откриваат повеќе детали.
Сличен случај со починато бебе во Неготино беше регистриран пред три месеци.
Тогаш, како што соопштија од СВР Велес, бебе на возраст од околу пет месеци без знаци на живот било донесено во Итната медицинска служба во неготинската болница.
Била констатирана смрт без видливи знаци на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во пожар изгоре штала на коњичкиот клуб…
Во пожар изгорела штала од коњички клуб…
Бог да чува: Млад човек се пробол…
Вистинска драма се случувала во кафеана во…
Трагедија: Жена од Македонија загина во тешка…
Во страшна сообраќајка што вчера се случила…
И Кавадарци помага во гаснењето на пожарот…
На координацијата на Градоначалникот на Кавадарци, Митко…
Бидете поажурни и расчистете си ја тревата…
Четврти ден по ред не може да…