Од утре нема гарантирани минимални цени во маркетите
Мерката за гарантирана цена на дел од прехранбените производи, како лебот, млекото, јогуртот, тестенините, …, дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото од утре нема да важи. Истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот. Институциите најавуваат засилени контроли за да се интервенира во случај на драстично поскапување на производите, со оглед дека законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се амортизира состојбата, сè уште не е изгласан.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера порача дека секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни. Тој повика да реагираат Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачи и повтори дека најсоодветно решение е да се изгласа законот за нефер трговски практики.
-Замрзнувањето на цената е една од мерките која не соодветствува со пазарната економија, треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува на стопанствениците да се однесуваат соодветно. Државниот трудов и Државниот пазарен инспекторат веќе од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цените коишто излегуваат од секоја нормална пазарна логика, соодветно ќе реагираме. Тоа нема да значи дека ако во Собранието нема разум за носење закон за нефер трговски практики, ние нема да реагираме, изјави Битиќи.
Министерството за економија веќе се изјасни дека нема да биде продолжена мерката за гарантирана цена. Очекува со законот за нефер трговски практики, што по скратена постапка е во собраниска процедура и ја помина првата фаза во комисиите, да се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи.
-Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи, изјави Бектеши за МИА.
Голем број прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ од 20 септември се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август лани, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност истекува утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…
ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…
Европскиот извоз во трети земји во мај…