Објавено на:

Трамп: Бајден треба да направи когнитивен тест!

t

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден „мора да направи когнитивен тест“.
„Гнилиот Џо Бајден треба да направи когнитивен тест. Можеби така ќе откриеме зошто носи толку страшни одлуки“, изјави Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.


Тој додаде дека веќе направил два теста – „двата без грешка“, пренесува порталот Хил.
„Сите претседатели или оние кои сакаат да станат претседател мора да го поминат овој тест“, рече Трамп.
Критичарите на Бајден побараа поголема транспарентност од Белата куќа кога станува збор за неговото здравје, и физичко и ментално, по неодамнешниот извештај на специјалниот советник Роберт Хур во кој, меѓу другото, се вели дека американскиот претседател е „добронамерен постар човек со неуспешна меморија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…