Објавено на:

Омилената новинарка на Путин: Имам видео, Германците размислувале да го бомбардираат мостот на Крим

t

Главниот уредник на Спутник и РТ, Маргарита Симонјан објави дека има аудио снимка на која високи офицери на германскиот Бундесвер разговараат за нападите на мостот на Крим.

„Нешто многу интересно ми дадоа моите пријатели од армијата на денот кога германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека НАТО не учествува и нема да учествува во украинскиот конфликт. Толку интересно читање и видео што навистина сакам да ги објавам тоа. Да ги израдувам моите следбеници. На тоа видео високите офицери на германската армија размислуваат како да го бомбардираат (внимание!) мостот на Крим. И како да го направат тоа што е можно полукаво за нивниот Шолц да продолжи да зборува за тоа како нема врска со тоа“, напиша Симонјан.

Според неа, во видеото кое трае 40 минути, офицерите на Бундесверот патем ги споменуваат војниците на САД и Велика Британија, велејќи дека тие одамна директно учествуваат во конфликтот.

Таа додаде дека како новинар им се обратила на министерот за надворешни работи и на германскиот амбасадор, како и лично на Шолц.

„Како да се разбере ова? Зарем не е време Русија да ја потсети Германија како минирањето на руските мостови минатиот пат заврши за Германија?“, изјави таа.

Да потсетиме, францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека западните лидери не ја отфрлиле можноста за испраќање сили во Украина, иако во моментов нема консензус за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Германската агенција за вработување се противи на…

Германската влада планира да ја преполови квотата…

Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…

Германската федерална влада планира широка соработка со…