Пред две недели беше осуден на шест години затвор поради кокаин, а сега има нови проблеми
Холандскиот фудбалер Квинси Промес кој е осуден на шест години затвор поради вмешаност во шверц со кокаин, повторно има проблеми со законот.
Според пишување на холандски „Телеграф“, фудбалерот на Спартак од Москва морал да го откаже летот од Дубаи за Санкт Петербург.
Тој е сопрен на гранична контрола, а потоа одведен во полициска станица во Дубаи, заедно со безбедносните службеници на својот клуб, каде бил задржан со часови. Според пишувањето на руските медиуми, Промес сè уште е во притвор, додека остатокот од екипата отпатувал.
Позадината на ова засега е нејасна, иако во Русија постои сомнеж дека постои врска со изречената казна од неговата родна земја. Портпаролот на Државното обвинителство во Холандија рекол дека не е запознаен со притворот на Промес.
Потсетуваме, за него е издадена потерница, иако Холандија сè уште не успеала да ја издејствува неговата екстрадиција.
„Осомничениот фудбалер е ставен на меѓународна потерница. Обвинителството се обиде да го приведе во Холандија и презема мерки за тоа. Меѓутоа, тоа сè уште не доведе до негова екстрадиција“, пишувало тогаш во соопштението на обвинителството.
Напаѓачот пред две недели беше осуден на шест години затвор поради учество во шверц на кокаин во 2020-та година преку пристаништето Антверпен. Судот им изрекол исти казни на уште две лица кои учествувале во тоа.
Во кариерата Промес настапуваше за Твенте, Севиља и Ајакс. За репрезентацијата на Холандија забележа 50 настапи и постигна пет гола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сибиха: Црно Море може да стане втора…
Ситуацијата во Црното Море би можела да…
Ѓорѓиевски: По 30 години чекање – за…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Узбекистан потпиша енергетски договори вредни 4,7 милијарди…
Узбекистан потпиша шест енергетски договори во вредност…
Вештачката интелигенција сама пробила компјутерски системи
Индиските власти потврдија случаи во кои вештачка…
Британскиот премиер ја отфрли можноста за нов…
Британскиот премиер, Енди Бернам, ја отфрли можноста…