Објавено на:

Пред две недели беше осуден на шест години затвор поради кокаин, а сега има нови проблеми

t

Холандскиот фудбалер Квинси Промес кој е осуден на шест години затвор поради вмешаност во шверц со кокаин, повторно има проблеми со законот.

Според пишување на холандски „Телеграф“, фудбалерот на Спартак од Москва морал да го откаже летот од Дубаи за Санкт Петербург.

Тој е сопрен на гранична контрола, а потоа одведен во полициска станица во Дубаи, заедно со безбедносните службеници на својот клуб, каде бил задржан со часови. Според пишувањето на руските медиуми, Промес сè уште е во притвор, додека остатокот од екипата отпатувал.

Позадината на ова засега е нејасна, иако во Русија постои сомнеж дека постои врска со изречената казна од неговата родна земја. Портпаролот на Државното обвинителство во Холандија рекол дека не е запознаен со притворот на Промес.

Потсетуваме, за него е издадена потерница, иако Холандија сè уште не успеала да ја издејствува неговата екстрадиција.

„Осомничениот фудбалер е ставен на меѓународна потерница. Обвинителството се обиде да го приведе во Холандија и презема мерки за тоа. Меѓутоа, тоа сè уште не доведе до негова екстрадиција“, пишувало тогаш во соопштението на обвинителството.

Напаѓачот пред две недели беше осуден на шест години затвор поради учество во шверц на кокаин во 2020-та година преку пристаништето Антверпен. Судот им изрекол исти казни на уште две лица кои учествувале во тоа.

Во кариерата Промес настапуваше за Твенте, Севиља и Ајакс. За репрезентацијата на Холандија забележа 50 настапи и постигна пет гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нека ме исмејуваат, но останувам на…

Во второто тромесечје од годината забележана е…

Ученик се онесвестил од пеколното време во…

Наставата во сите основни и средни училишта…

Израел изведе напади во јужен и источен…

Најмалку три лица загинаа, а 23 се…

Денес се празнува Светиот маченик Луп

Овој свет маж беше слуга кај Свети…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево и топло со мала до умерена…