(Видео) 46 годишен активист и член на СДСМ загина синоќа кај с. Колари, Битиќи и Шилегов испратија пораки

t

46 годишниот Влатко загина синоќа во тешка сообраќајна несреќа откако автомобилот излетал од патот кај село Колари, после Страша на пат кон Кичево. Малолетна сопатничка со тешки повреди е итно префрлена на скопските клиники.

„Според пријавата во МВР, автомобил марка „форд“ со скопски ознаки изгубил контрола и се превртел, па паднал во река. Загинатиот има 46-години“, велат од МВР.

„Возачот од здобиените повреди починал на местото на настанот, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.

Од синоќа членови и активисти на СДСМ со неверување се збогуваат од прераната смрт на нивниот сопартиец.

„Вчера се смеевме, а денес се сè промени. Длабоко сум тажен и потресен поради ненадејната загуба на нашиот драг партиски другар, како што го викавме, Влатко Бате. Спомените за неговиот жив и ведар дух засекогаш ќе бидат запаметени во СДСМ. Сочувство до семејството, роднините и пријателите“, напиша Битиќи.

Влатко и Фатмир пред само еден ден биле заедно на отворање на нов регионален штаб на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот на Онтарио му се потсмева на…

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, еден од…

Ајзенкот најавува влада за национална спас: Израелците…

Гади Ајзенкот порача дека израелските граѓани гласале…

НЕТАНЈАХУ СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Радикалниот ислам ја…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати драматично предупредување…

Клековски: Има отпор на Клиниката за онкологија…

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна…

Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…

Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…