Македонскиот светски првак во кикбокс ќе брка виза за ЛОИ 2024, ама – во друг спорт!
Македонскиот светски и европски првак во кикбокс, Бобан Илиевски, ќе биде наш единствен претставник на квалификацискиот турнир за пласман на годинешните Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, но во бокс, со оглед што неговиот спорт не е застапен на најмасовниот светски спортски собир.
Тој ќе биде единствен претставник на Македонија на овој собир на кој ќе има натпреварувачи од целиот свет, а кој ќе се одржи во италијанскиот град Бусто Арсизио (3-11 март“.
„По освоените европско и светско злато 2023 во кикбокс, се се вклучуваме во боксот да обезбедиме пласман за учество на ЛОИ во Париз. Бобан не е дебитант во боксот, има учествувано на неколку професионални мечеви и во сите од нив победи, повеќето со нокаут. Тој настапи и на “Златниот гонг“ во 2016 година. По подолги размислувања,одлучивме комплетното искуство и подготвеност да го насочиме кон ново спортско натпреварување и да се обидеме да обезбедиме норма на Бобан Илиоски во бокс и можност за учество и освојување на олимписки медал во овој спорт”, изјави Дејан Митровски Урко, кој е тренер на Илиоски.
Најдобриот светски и европски кикбоксер во изминативе две години на боксерскиот турнир во Италија ќе настапи во категоријата до 92 килограми. Првиот противник ќе го дознае на утрешната ждрепка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…