Почина легендата на хрватската музика, Мишо Ковач

t

Според неофицијални информации до кои дошла „Слободна Далмација“, легендарниот музичар починал во болница во Сплит.

Пејачот е рекордер според бројот на продадени плочи и други музички носачи на звук во забавната музика во Хрватска, но и во целиот поранешен регион.

Со повеќе од 20 милиони продадени плочи во текот на 47-годишната музичка кариера, како и бројни музички и дискографски награди, тој е еден од најпознатите и најхаризматичните хрватски пејачи.

Кариерата ја започнал со преработки на странски хитови, а потоа продолжил со изразено емотивни песни, главно во типичен медитерански, далматински музички стил, како и со соработки со клапи.

Врвот на популарноста го достигнал во седумдесеттите и осумдесеттите години на 20 век, но и денес има бројна и верна публика.

Иако музичката критика повеќе ги цени неговите порани и помалку познати дела, популарноста ја стекнал со емотивните и забавни мелодии, меѓу кои се „Остала си увек иста“, „Сви пјевају ја не чујем“, „Ако ме оставиш“ и други.

Благодарение на популарноста, харизмата, бескомпромисните и често специфични ставови, како и музичките успеси, се стекнал со статус на легенда на хрватската музика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп заработи 15 милиони долари од акции…

Доналд Трамп заработи до 15 милиони долари…

Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…

Српската полиција го уапси 49-годишниот С. М.,…

Нова кривична за таткото и двете ќерки…

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против…

Грција бара работници – повеќе од 46.000…

Грција се соочува со сè поизразен недостиг…

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не…

Министерот за правда, Јетон Шасивари, му одговори…