Приведен поранешен градоначалник од СДСМ, и син на поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ
Денеска во полицската акција во Струмица, Гевгелија, Струга и Демир Капија приведен е поранешниот градоначалник на Ново Село Боро Стојчев, член на СДСМ, и синот на поранешниот градоначалник на Гевгелија Иван Франгов, член на ВМРО-ДПМНЕ.
Борбата против организираниот криминал и корупцијата мора да биде врвен приоритет, напиша на својот фејсбук-профил за денешната полициска акција Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Се работи за организирана група која на црниот пазар продавала марихуана легално одгледувана во фабрика за медицински канабис, во сопственост на синот на Стојчев. Инаку синот на Франгов, пред неколку месеци во Нов Дојран предизвика сообраќајка со смртни последици, но без никакви последици за него.
Во големата полициска акција приведени се 10 лица, четири од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија. Извршени биле претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и обезбедени се материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели, појаснуваат од МВР.
Приведените лица се пред судија на претходна постапка. Пронајдената дрога ќе биде дадена на вештачење, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дејли мејл“: Трамп бесен по изборниот пораз,…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја следел изборната…
Инфлацијата во еврозоната достигна 4%, енергијата поскапе…
Инфлацијата во еврозоната во октомври достигнала 4%…
Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат…
Европската комисија денеска го усвои Пакетот за…
Извештај припишан на Си-би-ес: Трамп размислува за…
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за смена…
Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…
Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…