Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“, банката потврди измамнички трансакции

t

Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди дека била жртва на сајбернапад што овозможил извршување измамнички трансакции. Износот на погодените средства сè уште се проценува, а банката соопшти дека инцидентот е ставен под контрола и дека средствата на клиентите се заштитени.

По откривањето на нападот, банката привремено запрела дел од трансакциите за да спречи дополнителни неовластени префрлања. За случајот ги известила надлежните институции и регулаторите. Во соопштението од 4 ноември се наведува дека операциите постепено се обновуваат по дополнителни проверки и зајакнување на безбедносните мерки.

Според АФП, во јавноста се појавија проценки за украдени 133 милиони долари, односно околу 118 милиони евра. Информацијата првично ја објавил независниот истражувач на криптовалутни трансакции ЗахЕксБиТи. Банката не ја потврди оваа сума, ниту објави детали за начинот на кој бил извршен нападот или за идентитетот на напаѓачите.

„Аркеа“ уверува дека финансискиот ефект од нападот нема да ја загрози стабилноста на групацијата. За клиентите, според банката, последиците се ограничени на одложено извршување на одредени трансфери.

Банката предупреди и на можни лажни пораки по нападот, преку кои измамници би се обиделе да добијат лични и банкарски податоци. Ги повика клиентите да не споделуваат лозинки, броеви на картички или кодови за потврда и при сомневање директно да контактираат со својот банкарски советник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…

Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната…

Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш…

Секогаш ќе има поединци што ќе го…

(Видео) Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен…

Македонија се позиционира како значаен енергетски и…