Во сообраќајка на патот Штип-Велес загина 66 – годишник од Свети Николе, повредени две лица
Во сообраќајката што се случи синоќа на магистралниот пат А3 Штип-Велес загина 66 – годишениот В.П од Свети Николе. Тој им подлегна на повредите синоќа во 21.30 часот во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник од светиниколско Супурге кој е учесник во несреќата од другото возило.
В.П. бил донесен во велешката болница во бесознание и критична состојба. На неговата сопруга, Б.П. 61. и е направена компјутерска томографија, констатирани се скршеници на рбетот и карлицата и поради тежината на повредите во тешка состојба со возило на итна помош од велешката болница во 20.30 часот е препратена на скопските клиники.
На третиот повреден, 29 -годишниот А.А, исто така му е направена компјутерска томографија и се констатирани повреди на глава, но е надвор од животна опасност. Задржан е на понатамошно лекување и опсервација на Хирушкото одделение во велешката Општа болница.
Несреќата се случила околу 18.20 часот, на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дејли мејл“: Трамп бесен по изборниот пораз,…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја следел изборната…
Инфлацијата во еврозоната достигна 4%, енергијата поскапе…
Инфлацијата во еврозоната во октомври достигнала 4%…
Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат…
Европската комисија денеска го усвои Пакетот за…
Извештај припишан на Си-би-ес: Трамп размислува за…
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за смена…
Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…
Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…