Објавено на:

Земјите од ОПЕК плус го намалуваат производството на нафта

t

Русија дополнително ќе го намали производството и извозот на нафта за вкупно 471.000 барели дневно во вториот квартал во координација со некои земји учеснички во OPEC Plus, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.
Ова доброволно намалување на производството е во прилог на доброволното намалување од 500 илјади барели дневно што Русија го најави во април 2023 година, а кое ќе трае до крајот на декември 2024 година. Намалувањето на извозот ќе се заснова на просечните нивоа на извоз за мај и јуни 2023 година, прецизира Новак.


Според него, Русија ќе продолжи да работи со секундарни извори за да ја подобри точноста и веродостојноста на нивната проценка.
„Ова дополнително доброволно намалување има за цел да ги зајакне мерките на претпазливост преземени од ОПЕК плус земјите за одржување на стабилноста и рамнотежата на пазарот на нафта“, додаде тој.


Казахстан го намалува производството на нафта


Министерството за енергетика на Казахстан, исто така, објави дека земјата ќе го продолжи доброволното намалување на производството на нафта за 82 илјади барели дневно во вториот квартал од 2024 година како дел од ОПЕК Плус.
Според податоците на Министерството, на овој начин до крајот на јуни 2024 година производството во Казахстан ќе изнесува 1.468 барели дневно.
Доброволното намалување е дополнение на доброволното намалување на производството од 78 барели дневно објавено од Казахстан во април 2023 година, кое ќе трае до крајот на декември 2024 година.


Намалување на производството во Саудиска Арабија


Министерството за енергетика на Саудиска Арабија соопшти дека Ријад ќе го продолжи своето доброволно намалување на производството на нафта за 1 милион барели дневно до крајот на вториот квартал од 2024 година во координација со некои земји од ОПЕК плус.
Така, до крајот на јуни 2024 година, производството на Саудиска Арабија ќе биде околу 9 милиони барели дневно, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Кина и САД ја задржаа цената на…

Цените на нафтата се искачија над 84…

Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…

(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по…

Државен инспектор за животна средина од Одделението…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…