Орбан: ЕУ прво да се прошири на Балканот, па после да ја прими Украина
Главна задача на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, кое почнува во јули, ќе биде проширување на унијата пред се кон земјите од Западен Балкан, а не кон Украина, истакна премиеротна Унгарија, Виктор Орбан говорејќи на дипломатскиот форум во Анталија, Турција.
„Приоритет на унгарското претседателство ќе биде проширувањето. Но, проширувањето не со Украина, бидејќи прашањето за нејзиниот пристап беше поставено неодамна. Сè уште ја имаме старата работа во однос на проширувањето, мислам на Балканот“ рече Орбан.
Снимката од обраќањето на Орбан го објави државниот секретар за меѓународни комуникации и односи во кабинетот на премиерот Золтан Ковач на социјалната мрежа Х.
Шефот на прес-службата на Европската комисија (ЕК), Ерик Мамер, на 22 февруари изјави дека ЕУ повеќе не смета дека почетокот на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ ќе започне во март.
„Подготовката за овој процес „може да бара недели или месеци“ – рече тој.
Сепак, на 24 февруари, шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен ги негираше неговите зборови, посочувајќи дека Европската комисија има намера да претстави програма за преговори за пристапот на Украина во ЕУ во средината на март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…