43 држави бараат Русија да дозволи меѓународна истрага за смртта на Навални
Русија мора да дозволи „независна и транспарентна меѓународна истрага за неговата ненадејна смрт“, рече денеска амбасадорката на ЕУ, Лоте Кундсен пред Советот за човекови права на ОН, во име на 43 земји.
Властите тврдат дека Навални починал од природна смрт на 16 февруари во затвор во арктичкиот регион Јамал, но сè уште не се познати околностите за неговата смрт.
По погребот, неговиот тим уште еднаш нагласи дека опозицијата, побегната во странство, ќе ја продолжи борбата против корупцијата на руските власти и политичкиот апарат на претседателот Владимир Путин.
Наследството на Навални ќе остане живо „се додека има милиони луѓе во Русија и во светот кои не се индиферентни кон тоа. Затоа не смееме да се откажеме“, порачаа тие.
На денот на погребот се одржаа настани низ целата земја, со десетици апсења.
Платформата ОВД-Инфо објави дека имало повеќе од стотина апсења во дваесет градови, меѓу кои 20 само во Новосибирск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…