Објавено на:

Автобус полн со деца излета од пат во Хрватска!

t

Денеска околу 13 часот, школски автобус полн со деца излетал од патот и завршил во ендек. Со десната страна се потпрел на јавен столб, што спречило да се преврти на страна.

Во автобусот имало 20 деца, според полициските извештаи, но во несреќата немалo потешко повредени, додека на две деца им била укажана помош. Станува збор за полесни повреди, велат надлежните.

„Возилото се преврте и слета во ендек покрај коловозот“, потврдуваат од полицијата, автобусот избегнувал друго возило на локален пат што не се држел до сообраќајната лента и слетал во канал. За среќа, немаше поголема трагедија и децата безбедно го напуштија автобусот, велат од хрватската полиција.

„Не беше голема брзина, а родителите набрзо дојдоа да ги земат децата, па лекарска интервенција немаше“, велат од бјеловарско-билогорската полиција. Децата, од кои повеќето се родени во 2010 година, биле однесени дома во придружба на нивните родители.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што ќе се знаат повеќе информации за причината за несреќата, јавува „Дневник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…

Хрватска од 1 март 2027 година воведува…

Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…

Во пожарот што во ноќта меѓу 13…

Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…

Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…

Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…

Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…

Сè повеќе мажи во Германија немаат деца

Сè поголем број мажи во Германија немаат…