Вториот човек на Руската црква во Белград: Го прими патријархот Порфирије
Српскиот патријарх Порфирије го прими рускиот митрополит Волоколамски Антониј, раководител на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.
Заедно со рускиот митрополит дојде протоереј Николај Балашов, советник на рускиот патријарх Кирил, а на средбата во Патријаршијата присуствуваше и епископот бачки Иринеј.
„Во срдечен и суштински разговор беше истакнато заемното задоволство од братската соработка на двете Цркви и два народа од иста вера“, се наведува на веб-страницата на СПЦ.
Се додава дека соговорниците особено внимание посветиле на надминување на предизвиците со кои се соочува Православната Црква.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УКИМ нема да остане без струја, МОН…
ЕВН Македонија и Министерството за образование и…
Селмани: Опозицијата сè уште се консолидира –…
Македонија има потреба од силна, организирана и…
Макрон бара повторно да се разгледа членството…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на…
Деспотовски: Венко е супер доктор, но апсолутно…
Поранешниот директор на ТИРЗ и член на…
Македонската црковна делегација стаса во Москва за…
Македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски…