Русија: Со Кинезите планираме да поставиме нуклеарен реактор на Месечината
Русија и Кина ја разгледуваат можноста за поставување нуклеарен реактор на Месечината во периодот од 2033 до 2035 година, што еден ден ќе овозможи изградба на населба на Месечината, изјави директорот на руската вселенска агенција Роскосмос Јуриј Борисов.
Борисов, поранешен заменик-министер за одбрана, рече дека двете земји долго време работат на развојот на лунарната програма и дека Москва придонесува со својата експертиза за „нуклеарната вселенска енергија“. „Сериозно го разгледуваме проектот за испорака и инсталирање енергетски реактор на површината на Месечината заедно со кинеските колеги“, рече Борисов.
Во Русија моментално се активни 11 нуклеарни централи, додека во Кина се активни 55 нуклеарни реактори. Борисов објаснува дека соларните панели нема да можат да произведат доволно електрична енергија за напојување на идните населби на Месечината, додека нуклеарната енергија би можела.
Тој додава дека тоа е многу предизвик и треба да се направи без човечко присуство. Борисов потврди и дека Русија планира да изгради товарен вселенски брод на нуклеарен погон. Сите технички прашања поврзани со проектот се решени, но немаме решение за ладење на нуклеарниот реактор, додаде Борисов.
Тоа би била, како што рече, киклопска структура која благодарение на нуклеарниот реактор и моќните турбини ќе пренесува големи товари од една во друга орбита, ќе собира вселенски отпад и ќе врши бројни други дејства. Минатата година, првата руска лунарна мисија по 47 години пропадна откако вселенското летало Луна-25 излезе од контрола и се урна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…
Кој го праша? Според Еди Рама, Бугарите…
Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека…
Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…
Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…
Денес се празнуваат Преподобните маченици Галактион и…
Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…