Левица: Широката коалиција во Битола ДПМНЕ-СДС сложно ја изгласаа завршната сметка
Широката коалиција во Битола ДПМНЕ-СДС сложно ја изгласаа завршната сметка, велат од политичката партија Левица.
-После низата клевети, конечно маските паднаа. Широката коалиција ДПМНЕ-СДС му даде легитимитет на расипничкото владеење од страна на градоначалникот Тони Коњановски.
Единствени кои гласаа против завршната сметка беа советниците на Левица – Горан Велевски и Гаврил Трајковски. Со ова, повторно се докажа дека овие две партии секогаш се обединети кога треба да се амнестираат од одговорност. Македонскиот народ не заборава дека со експресната амнестија со измените на Кривичниот законик, СДС амнестира од кривично гонење преку 80 функционери на ДПМНЕ.
Иако СДС постојано го обвинува градоначалникот Коњановски дека ги трупа јавните претпријатија со долгови, денес ја гласаа неговата завршна сметка. Од друга страна, додека ДПМНЕ ја обвинува Левица дека е во наводна коалиција со СДС, токму тие здружено си ги гласаат своите криминали!
Левица останува единствена опозиција на овие истрошени и криминогени политички субјекти, чие делување во изминативе 30 години комплетно ја руинира Републиката. – соопштија од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…