Објавено на:

Официјално: Фон дер Лајен официјално е кандидат за втор мандат на чело на ЕК

t

Со 400 гласа „за“ против 89 „против“, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера беше избрана за водечки кандидат на централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП) за втор мандат на чело на ЕК. Ова се случи на вториот ден од конгресот во Букурешт на најголемата партија во Европскиот парламент, која се очекува да ја задржи лидерската позиција по изборите за нов состав на ЕП во јуни, пренесе Ројтерс.

Партијата што ќе постигне најдобри резултати на изборите за Европскиот парламент, по правило, го назначува следниот претседател на Европската комисија.

„Остануваат уште 90 дена до денот на изборите. ЕУ е највредното нешто што треба да го зачуваме за идните генерации“, рече Урсула фон дер Лајен на завршната прес-конференција. Таа ги посочи војната во Украина, кризата во Газа и подемот на Кина како главни предизвици со кои се соочува ЕУ.

„Владимир Путин не треба да ја добие војната во Украина. Ќе застанеме покрај Украина на нејзините чекори кон Европа. Само така можеме да ја задржиме безбедната Европа“, рече Урсула фон дер Лајен. И ја истакна потребата од многу повеќе инвестиции во европската безбедност.

Како одговор на прашањето за апелот на Киев до Западот да ги ослободи замрзнатите руски средства во странство кои ќе се користат за обнова на Украина, претседателот на Европската комисија рече дека дебатата на оваа тема е во тек во рамките на Г7 и процесот се уште не е завршен.

На својот конгрес во Рим минатата недела, европската левица – Партијата на европските социјалисти (ПЕС) за свој кандидат за шеф на ЕК го избра актуелниот европски комесар за социјални права и работни места Николас Шмит, кој е претставник на Луксембург во извршната власт во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странската комисија утврдила сомнителни наоди кај девет…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше…

Забраната за двојно државјанство за пратениците утре…

Утре во Собранието ќе заседава Законодавно-правна комисија,…

(Видео) 25 години државата се изживува со…

25 години државата се изживува со стопроцентен…

САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…

Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…

Ден на одлука: Средба меѓу Урсула фон…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…