Објавено на:

Кривична пријава против две лица, вработени во Министерство за земјоделие

t

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Скопје и Л.И.(40) од тетовско, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.

Првопријавениот А.Д. и второпријавената Л.И., двајцата вработени во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, од јули 2021 година биле именувани за членови во Комисија за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. По доставени понуди за површини до три хектари по јавен повик, на 25.11.2021 постапиле спротивно на одредбите од Правилникот за начинот на работа на комисијата во постапките по распишани јавни огласи и постапките со прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост“. Имено, пријавените без потребниот кворум започнале со јавно отворање на понудите, со што оневозможиле вклучување на останатите членови на комисијата и продолжување на постапката на законит начин.

На 06.01.2022, членовите на комисијата, кои не учествувале на јавното отворање на понудите, дале предлог за поништување на постапката за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, кој бил прифатен од заменик министер во министерството и јавниот повик со решение бил поништен. На тој начин, пријавените предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 294.448 денари.

FacebookTwitterWhatsAppShare

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА: Стојанчо…

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ остварија убедлива…

(Видео) ВМРО слави 4:1 водство пред СДСМ…

Кндидатот на ВМРО-ДПМНЕ од досега пребројаните гласови…

Макрон ја поврза војната во Иран со…

Францускиот претседател Емануел Макрон ја поврза војната…

Иран тврди дека два танкера налетале на…

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека два нафтени…

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Убедливо…

Првичните резултати на Државната изборна комисија од…