Економскиот раст на Србија во јануари изнесува 3,8 отсто
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска претседаваше со седницата на Советот за координација на активностите и мерките за раст на бруто домашниот производ, на која беше речено дека економскиот раст во јануари изнесувал 3,8 отсто, што е повисоко од очекувано, а дека подобар раст може да се очекува во првиот квартал од оваа година.
Како што изјави премиерот, најголем придонес во растот во јануари имаа ИКТ секторот и секторот за деловни услуги, соопшти Владата на Србија.
Брнабиќ истакна дека градежништвото, индустријата, патната инфраструктура, туризмот, секторот за ИКТ и деловни услуги и новите пазари се клучни области на економијата кои бележат раст и треба да бидат во фокус.
Како што наведе таа, Планот „Србија 2027“ за периодот од 2024 до 2027 година предвидува сеопфатен развој на Србија, меѓу кои се и програмите за подигање на животниот стандард на граѓаните.
Брнабиќ посочи дека е неопходно дополнително инвестирање во капитални проекти за да се зачува одржливиот економски раст.
Зборувајќи за областа на туризмот, премиерот посочи дека оваа економска активност бележи значителен раст, што пред се се одразува на поголемиот број посети од странски туристи и истакна дека оваа гранка од економијата има голем потенцијал за економски раст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…