Објавено на:

Удриле на ќотек: Малолетник натепан во Центар, скопјанец во казино, син претепал мајка

t

На 08.03.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје, Н.М.(50) од Скопје пријавил дека на 07.03.2024 околу 14.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.03.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје Н.Н.(32) од Скопје, пријавил дека на 06.03.2024 околу 04.30 часот во казино на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.03.2024 во 16.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Г.(38) од Скопје поради тоа што околу 16.00 часот физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.03.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, Л.Б.(42) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од С.Д.(41) од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

а 08.03.2024 во СВР Скопје Д.С.(54) од Скопје пријавила дека на 07.03.2024 околу 06.40 часот, додека ги извршувала своите работни задачи во Дом за стари лица во с.Катланово-скопско, била физички нападната од З.М., кој престојувал во домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп најави дека ќе објави детали за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека располага…

Преговори за нов попуст: ќе продолжи ли…

Ќе плаќаат ли возачите помалку за дизел…

Барнам: Британија се соочува со „економска катастрофа…

Велика Британија се соочува со „економска катастрофа…

Болтон: „Зеленски нема добро да помине ако…

Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност…

Макрон во посета на земјите од Персиски…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска почна…