Приведен Грузиец, нудел поткуп на Табановце

t

Приведен е Грузиец поради нудење поткуп, соопштија од МВР.

На 09.03.2024 во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп. Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.

Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Романци со ножеви и мачета во кола…

47-годишен Романец и негов 33-годишен сопатник се…

Изборен поткуп во Албанија, за глас се…

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат…

На ГП Табановце викендов влез и излез…

На граничниот премин Табановце изминатиот викенд влегле…

Барале и примиле поткуп од 20.000 евра…

Директор на здравствената установа е уапсен пораади…