Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп!
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп, неофицијално објавија повеќе медиуми. Засега од МВР и Обвинителството нема официјална потврда.
Според првичните информации, лицето било затекнато при примање 500 евра во претходно криминалистички обработени банкноти, како противуслуга за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект.
Она што го прави случајот особено сериозен е сомнението дека станува збор за практика во која раководното лице барало и примало парични средства за позитивни мислења и одобренија поврзани со изградба на станбени и деловни објекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…
Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…