Објавено на:

Во Албанија инфлацијата во февруари 2,6 отсто што е најниско ниво од 2021 година

t

-Растот на цените во февруари се ублажи бидејќи инфлацијата достигна 2,6 посто, што е најниско од октомври 2021 година, пред да започне бранот зголемувања на цените, прво како резултат на проблемите со снабдувањето создадени од пандемијата, а потоа и од превирањата на пазарот, како резултат на нападите на Русија врз Украина, објави Институтот за статистика ИНСТАТ.

Според истиот извор, во февруари, минатата година инфлација изнесувала 7,1 отсто, а денес ги „достигна нивоата кон кои цели Централна банката на Албанија, за здрава економија“.

Во однос на месец јануари, цените на производите за широка потрошувачка се зголемени во просек за 0,3 отсто.

Гледајќи ги одделно по групи, забавата, мебелот и алкохолните пијалаци имаат стапка на инфлација од 3,7 до 4,9 отсто, додека храната е намалена на 2,7 отсто.

Во буџетот на албанските семејства храната ја сочинува групата на стоки каде се троши најголемиот дел од приходите и тоа до ниво од 40 отсто.

Инфлацијата под нивото од три отсто го прави непотребно натамошното заострување на монетарната политика од страна на Централна банка на Албанија, што постепено може да доведе до намалување на каматните стапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис постави црвени линии за соседите: Македонија…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчкиот…

Во голема полициска акција во Албанија запленет…

 Во голема полициска акција, во содејство со…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Криеле ДРОГА ВО ОБЛИК НА ЧОКОЛАДО: Во…

Албанската полиција објави детали околу акцијата во…

Рама: Албанија нема претензии кон Грција

Албанија нема претензии кон Грција, рече премиерот…