Објавено на:

Биткоинот достигна ново историски највисоко ниво

t

Цените на биткоинот денеска се искачија на ново историски највисоко ниво преминувајќи ја границата од 72.200 долари, откако британскиот финансиски регулатор соопшти дека ќе им овозможи на тамошните берзи да тргуваат со производи поврзани со криптовалути за првпат.

Според податоците на веб-страницата за крипто размена на Binance, цената на биткоинот денеска во 12:50 часот накратко достигна вредност од 72.214,7 долари, пренесува Танјуг.

Британскиот регулатор објави во соопштение дека нема да се спротивстави на барањата од признати инвестициски берзи во Велика Британија за тргување со должнички хартии од вредност (ETN) кои ја следат цената на криптовалутите, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Берзите треба да обезбедат соодветна заштита на професионалните инвеститори во овој сегмент од трговијата, се нагласува во соопштението.

Вредноста на биткоинот во последно време постојано расте, а во петокот за првпат ја премина границата од 70.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…