АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

t

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Известување:

Од ДППУ „Стентон Градба“ ДОО Битола, ги известуваат граѓаните дека од денеска, 17 ноември 2026 година, сообраќајот на Регионалниот пат Р1208 делница села Калишта-Радожда кај м.в. „Елен Камен“ ќе се одвива наизменично, по една сообраќајна лента, односно ќе биде воспоставен режим на двонасочен сообраќај со наизменично пропуштање на возилата низ една заедничка слободна лента.

Од 15 ноември 2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Од АД „Илинден“ од Струга известуваат дека од среда, 28 октомври 2026 година, е воведен времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево-Охрид. Станува збор за делот Пресека-Песочан, до клучката кај Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на левиот коловоз. Интервенцијата ќе трае се’ до комплетно завршување на санацијата.

Сезонски режим на сообраќај:

Од 15 април, патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила.

Работи на пат во регионот:

Од 10:00 часот на 13 октомври 2026 година, на патниот правец А1 делница Прилеп-Кавадарци во делот Беловодица-Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30 септември 2026 година ќе се извршуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар-Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел ќе се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не завршат предвитените градежни работи, согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29 септември 2026 година се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга-Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

Миса МГ ДОО известува дека од 24 септември 2026 година, до 15 април 2027 година се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија-Граничен премин „Богородица“, односно од исклучувањето за Гевгелија до преминот, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, односно од Граничниот премин „Богородица“ кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Eве какво време не очекува денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно со…

Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…

Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…

Америка објави „докази“ за постоењето на митското…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…

(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…

Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…