Објавено на:

Трамп вели дека му помогнал на Маск додека бил претседател

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на вчерашното интервју за Си-Ен-Би-Си изјави дека му помагал на милијардерот Илон Маск додека бил во Белата куќа. Сепак, Трамп не прецизираше како му помагал на Маск за време на неговиот претседателски мандат.

Водителот се повика на извештајот на Њујорк Тајмс објавен минатата недела во кој се вели дека Трамп неодамна се сретнал со Маск и неколку богати републикански донатори додека барал донации за неговата кампања. Трамп потври дека се сретнал со Маск минатата недела.

„Што ви кажа Маск? Мислите ли дека ќе завршите со неговата поддршка?“, го прашала водителот Трамп. Трамп рече дека не знае, а потоа се осврна на неодредена помош за која рече дека му дал на Маск.

„Со него сум пријател во текот на годините. Му помагав кога бев претседател. Ми се допадна“, рече Трамп. Не е јасно на каква помош мислеше Трамп. Маск, извршниот директор на Тесла и СпејсИкс, има корист од владината помош за неговите компании во текот на годините, вклучувајќи регулаторни кредити за Тесла, даночни олеснувања за клиентите на Тесла и договори за ракетни услуги за СпејсИкс.

Трамп и неговите сојузници сакаат Маск да зборува на републиканската конвенција во јули, објави Си-Ен-Би-Си минатата недела.

Маск не кажа кој кандидат би го поддржал за претседател. Тој минатата година изјави за Си-Ен-Би-Си дека гласал за претседателот Џо Бајден во 2020 година, иако му рекол и на биографот Волтер Ајзаксон дека воопшто не гласал на изборите таа година.

Милијардерот минатата година изјави дека нема да гласа за Бајден туку за Трамп во 2024.. Минатата недела, откако се појавија вести за средбата на Маск со Трамп, Маск на Икс објави дека нема да донира пари на ниту еден претседателски кандидат.

Исходот од претседателската трка може да има големо влијание врз бизнисот на Маск. Маск е вклучен во најмалку 11 регулаторни или правни конфликти со администрацијата на Бајден или независни федерални агенции, а регулаторните експерти велат дека вториот мандат на Трамп може да значи дека тие конфликти се решаваат на начини кои се поповолни за Маск.

Трамп изјави за Си-Ен-Би-Си дека се разликува од Маск на еден начин. „Очигледно имаме спротивставени ставови за споредната тема наречена електрични автомобили“, рече тој. Трамп вели дека се противи на федералните регулативи дизајнирани да го зголемат производството на електрични возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…