СДСМ: Функционери на ДПМНЕ од Охрид фатени со раце во медот заработија кривични пријави

t

Функционери на ДПМНЕ од Охрид, фатени со рацете во медот, заработија кривични пријави, за злоупотреба на службена положба и јавни набавки, соопштија утрово од СДСМ.

Според владеачката партија, кривична пријава добил В.Д. директорот на ЈП Охридски Комуналец Саше Најдески, кој се појавува на фотографии заедно со Христијан Мицкоски, а инаку е близок соработник на градоначалникот на Охрид Пецаков. Од СДСМ велат дека тој и уште три лица како членови на комисијата за јавни набавки ги злоупотребиле и пречекориле дадените службени овластувања и го оштетиле јавното претпријатие Охридски комуналец за сума од 3.304.000,00 денари.

-Иако знаеле дека цената на единствената понуда за набавка на булдожер е 5 пати повисока од пазарната вредност, на 17.01.2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице НЕФИ ИК ДООЕЛ Охрид со што за околу 54.000 евра го оштетиле буџетот на ЈП Охридски Комуналец. Охридски комуналец неодамна набави препарат на база на алги за 24.000 евра од фирма, чиј сопственик е донатор на ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.

-Во ДПМНЕ нема никаква промена. ДПМНЕ беше и останува симбол на криминал и корупција, злоупотреби на парите на граѓаните, додаваат од „Бихаќка“.

Детали прочитајте во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зајкова демантира дека оди во коалиција со…

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова демантира дека…

Макрадули: Во СДСМ во моментов владее клиентелизам,…

Јани Макрадули, поранешен висок функционер во СДСМ…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

Мицкоски: Обезбедени се 61 пратеник, сега целта…

Можам со задоволство да кажам дека досега…

Албанската коалиција „Вреди“ денес на преговори во…

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на…