Објавено на:

Експерти пресметале дека НАТО нема доволно средства за војна со Русија

t

На европските земји-членки на НАТО им се потребни дополнителни 56 милијарди евра годишно за да го достигнат целното ниво на трошење за потребите на одбранбениот систем на НАТО, покажува истражувањето на Институтот за економски истражувања Лајбниц при Универзитетот во Минхен.

Според истражувањето на овој Институт, земјите од ЕУ со најголем недостиг на пари, вклучувајќи ги Белгија, Шпанија и Италија, имаат и највисоко ниво на јавен долг и буџетски дефицит во Европа, објави Фајненшл тајмс, а пренесе ТАСС.

Сепак, Германија има најголем дефицит бидејќи официјален Берлин во 2023 година за потребите на одбранбениот систем на НАТО потроши 14 милијарди евра помалку отколку што беше потребно.

„Земјите со високо ниво на јавен долг немаат многу простор да ги зголемат своите долгови, така што единствениот вистински начин за нив е да ги намалат трошоците во други области“, посочи економистот Марсел Шлепер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…