Објавено на:

Не ме мешајте во приказните, вели наводната љубовница на принцот Вилијам

t

Наводната љубовница на принцот Вилијам, Сара Роуз Хенбери (40), се огласи и сака да биде исклучена од љубовниот триаголник во којшто се наоѓа со принцот Вилијам и со Кејт Мидлтон.

Шпекулациите за нејзината афера со Вилијам не престануваат, а Кејт и сопругот деновиве биле забележани во продавница, па Сара Роуз по тој повод се огласила.

Приказните се целосно невистинити – изјавила таа преку своите адвокати во саботата, на 16 март.

Кенсингтонската палата ништо не коментирала за наводната афера. Хенбери со години е поврзана со кралското семејство, била и на венчавката на Кејт и на Вилијам во 2011 година, како и на погребот на Филип во 2021 година. Поранешната манекенка се венчала со Дејвид Чолмондели во 2009 година.

Кејт смета дека тие гласини се штетни, смета дека самата помисла што ќе читаат нејзините деца на Интернет еден ден е многу лоша – изјавил извор близок до кралското семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…