Објавено на:

Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата на Макрон за испраќање на војници во Украина

t

Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат за Европскиот парламент, Флоријан Филип, по изјавата на директорот на Надворешната разузнавачка служба на Русија, Сергеј Наришкин, дека Франција веќе подготвува воен контингент за испраќање во Украина, истакна дека француските војници треба да одбијат да ја извршат наредбата да заминат во таа источноевропска земја.


„Монструозно: Две илјади француски војници ќе бидат испратени во Украина? Француските војници мора по секоја цена да одбијат да ја извршат таа наредба, која може да предизвика трета светска војна и крвав колеж“, напиша Филипо на социјалната мрежа „Икс“.
Тој исто така повика уште еднаш да се поддржат француските војници кои се против ваквите намери на францускиот претседател Емануел Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…