Конечните листи за пратеници на СДСМ ќе се знаат во сабота
На конгрес во сабота СДСМ ќе ги утврди конечните листи на кандидати за пратеници, најави министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на ТВ Клан.
– На конгресот ќе се утврдат целосните листи, не само носител, прв, втор… За сите шест изборни единици ќе се утврдуваат конечните листи и тоа ќе помине низ сите партиски филтри, што ќе резултира со партиски конгрес во сабота. Како потпретседателка морам да кажам дека најпрво се залагаме за зачувување на тој принцип на машко женско или подеднаква застапеност на жените на листите. Покрај принципот на машко женско ќе имаме и нешто што се нарекува носител и коносител за секоја изборна единица – рече министерката Костадиновска Стојчевска во гостување на ТВ Клан.
Таа посочи дека уште траат анкетирањата и внатрепартиските процедури, како и тоа дека не мора да значи дека и таа ќе се најде на пратеничка листа, како носител или коносител.
Костадиновска Стојчевска рече дека граѓаните го препознаваат концептот што го нуди СДСМ го нуди, а тоа е движење напред кон ЕУ, додека ВМРО-ДПМНЕ е без план.
– Најважно е да граѓаните го препознаат концептот кој што СДСМ го нуди, а тоа е движење напред кон ЕУ и дека не се откажуваме од тој пат кон полноправно членство на ЕУ, пат кој што не е ни најмалку лесен, меѓутоа не се откажуваме од тоа да ја видиме државата како ја остварува својата втора стратешка цел, односно после членка на НАТО, да станеме полноправно членка на ЕУ. Јас не само како потпретседател туку и како член на СДСМ се држам до идеалите кои што ги нуди СДСМ така да, учеството на листи не е пресудно за инволвираност во изборниот процес или во ширење, промовирање на изборната програма која што ние како партија ја нудиме – таа.
За ВМРО-ДПМНЕ посочи дека иако постојано најавуваат дека за сè имаат план, но сè уште планот не е познат.
– Најавуваат дека имаат план за подобро репреговарање на преговарачката рамка, по нецели пет минути беа демантирани од пет меѓународни извори, дека нема тука преговарање, дека ова е најдоброто што ние сме можеле да го добиеме. Најавуваат дека договорот со Бугарија сме можеле поинаку да го направиме или еве најавуваат дека одредени процеси, кои што според нив беа спорни, ќе има начин како подобро да се изменаџираат, меѓутоа не видовме ни „м“ од менаџирање од страна на нивните министри и дополнителни министри и така натаму. Сè што видовме е истата онаа матрица на правење паника, креирање хаос од процеси кои што треба да се изменаџираат. Затоа добиле функција и доверба, добија доверба од мнозинството пратеници, а од нивните пратеници не добија, да се најдат на одредени функции на кои што се најдоа и еве, ја имаат можноста да ги поправат процесите за кои што нас нè обвинуваат – рече Костадиновска Стојчевска.
Таа додаде дека СДСМ одлучила да го поддржи претседателот Стево Пендаровски за втор мандат затоа што покажал капацитет за да ги обедини сите граѓани.
– Знаеше да биде гласен критичар на некои одлуки на Владата, на Собранието, тоа покажува еден висок степен на демократска свест. Се разбира дека секогаш, во секое политичко опкружување постојат несогласувања и многу е здраво да постојат несогласувања. Нашата поддршка за Пендаровски, а неговата за нас, значи дека ние сме се нашле на патот каде ја гледаме државата во иднина – рече министерката за култура и потпретседателка на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…