Објавено на:

Ќе има спектакл во Париз – Србија против САД!

t

Кошаркарските репрезентации на Србија и САД се паднаа во иста група на Олимписките игри во Париз, на ждрепката што денеска се одржа во Швајцарија.

Двете селекции, кои во своите редови имаат голем број ѕвезди и најавено е дека ќе играат во (нај)силни состави се дел од групата Ц и ќе приредат спектакл за љубителите на кошарката на олимпискиот турнир. Заедно со нив ќе биде Јужен Судан и најверојатно Литванија или Италија, во зависност од исходот на квалификацискиот турнир што ќе се одржи во Порторико, каде учествуваат уште Мексико, Брегот на Слоновата Коска, домаќинот и Бахреин.

Својот настап за американската репрезенација го најавија најголемите ѕвезди како Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Стеф Кари итн, а се уште е неисзвесно дали за Србија ќе игра двојниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ. Дуелот на овие две репрезентации ќе биде реприза на финалето од Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Светскиот шампион Германија е во групата со домаќинот на Олимпијадата, Франција, потоа Јапонија и победникот од квалификацискиот турнир во Летонија. Најнеизвесна ќе биде групата А во која сигурни се само Австралија и Канада, а друштво би можеле да им прават Словенија, Шпанија или Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Продолжуваат провокациите од Софија: Бугарски бот…

На социјалните мрежи се појавија координирани објави…

Пленковиќ: Две држави членки на Европската Унија…

Две држави членки на Европската Унија ѝ…

Километарски редици за гориво на Бали: Индонезија…

Долги редици автомобили и мотоцикли, повеќечасовно чекање…

Иран наредил целосна воена мобилизација и највисока…

Иран наредил целосна воена мобилизација и ставање…