Полицијата ги најде младите момчиња од Неготино кои ограбија казино
ОВР Неготино поднесе кривична пријава против три момчиња од Неготино на возраст од 20, 22 и 23 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 од Кривичниот законик.
Како што информираат од СВР Велес, на 25-ти февруари годинава, пријавените со закана со пиштол кон вработените од казино во центарот во Неготино одзеле пари.
Околу тоа дали се работи за вистинско оружје, или пак како што се шпекулира низ градот, пластичен пиштол – играчка, нема официјални информации.
Настанот со грабежот во казиното, според информации од СВР Велес, се случил во раните утрински часови, околу 1.10, а во ОВР Неготино бил пријавен во два часот.
Момчињата носеле фантомки.
Како што неофицијално дознаваме, тие влегле во казиното од задната врата, која најчесто ја користат за влез комарџии кои не сакаат да бидат видени од своите сограѓани како влегуваат од предната врата која се наоѓа на главната улица. Тогаш од МВР соопштија дека се трага по сторителите.
Ова е само еден инцидент од низата на кои сведочи јавноста, кога се казината во прашање. Тепачки, грабежи, кршење или палење на апарти за игри на среќа, а вчера и оштетување на влезна врата и столбови пред казино во Битола, кога гневен комарџија се обидел да влезе внатре со трактор, се вести од дневните полициски билтени.
Држвата останува глува на апелите на загрижените граѓани, кои со години наназад бараат да се дислоцираат казината подалеку од населените места, посебно оние кои се во близина на училишта, библиотеки или се наоѓаат во централни подрачја каде има голема раздвиженост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…