Објавено на:

Полскиот МНР: „Јавна тајна“ е дека западните трупи се присутни во Украина

t

Фактот дека западните сили се присутни во Украина сега е „јавна тајна“, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за германската прес-агенција ДПА.

Неговата изјава доаѓа речиси две недели откако тој кажа дека распоредувањето на трупите на НАТО во Украина „не е незамисливо“ и дека го цени францускиот претседател Емануел Макрон што не ја отфрлил идејата.

„Како што рече вашиот канцелар [Олаф Шолц], веќе има некои војници од големите земји во Украина“ му рече Сикорски на новинарот на ДПА.

Сикорски денеска ја поддржа можноста Украина да добие крстосувачки ракети Таурус и ја обвини Германија дека не сака да испорача нови системи за оружје. Тој ги критикуваше долгите процеси на одлучување во германската влада.

„Берлин има „историски причини да биде нервозен поради испраќање воен материјал или војници. Ние го разбираме тоа, но се надеваме дека вашите разговори ќе бидат побрзи“, рече тој.

„Изгледа дека Русите се во офанзива. Украина е без муниција“, рече полскиот министер.

За ракетите Таурус, вели дека оваа динамична ситуација значи дека „одлуката за шест месеци нема да биде иста“. Германскиот канцелар Олаф Шолц постојано одбиваше да го достави ова високо прецизно оружје во Киев, наведувајќи го ризикот да ја вовлече Германија во војната.

Велика Британија и Франција веќе и доставуваат крстосувачки ракети на Украина. Сикорски посочи дека Берлин има лажно чувство на безбедност поврзано со акциите на Русија, велејќи дека градот е потенцијално во домет на руските ракети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…