Објавено на:

Орбан му ја честиташе победата на Путин

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на Владимир Путин за победата на претседателските избори.


„По објавувањето на официјалните резултати, премиерот Виктор Орбан испрати писмо во кое му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор за претседател на Русија. Орбан изјави и дека е задоволен што соработката меѓу двете земји се заснова на взаемна почит, што овозможува разгледување на важни прашања во актуелната, сложена геополитичка ситуација“, изјави претставникот за медиуми на Орбан, пренесе агенцијата МТИ.

Унгарскиот премиер истакна дека неговата земја е на страната на мирот и дека властите во земјата се убедени дека поддршката на дијалогот е основен услов за што поскоро воспоставување мир.
Тој изјави дека Будимпешта е подготвена да ја зголеми оваа соработка во сфери кои не се ограничени со меѓународното право.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…

Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…

На изборите во Косово право на глас…

Централната изборна комисија на Косово денеска го…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане

В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…