Трагедија: Загина 29-годишно момче на патот Прилеп-Градско
Загина 29-годишно момче од Прилеп во сообраќајна несреќа вечерва на патот Градско-Прилеп. Како што објави ТВ21, во несреќата учествувале возило со прилепски таблички и цистерна, при што дошло до директен судир.
Сообраќајот на патот е во прекин од 18 часот и формирана е огромна колона на возила.
Ова е втора тешка сообраќајка за три дена. Претходно се случи сообраќајка на истата делница, по која 20-годишно момче се бори за живот на скопските клиники.
АМСМ вечерва соопшти дека од 21.00 соообраќајот на делницата Прилеп-Градско се одвива наизменично по една коловозна лента.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
(Фото) Уште хермелини да донесеа – Запленети…
Запленети возила повторно се паркирани пред полициската…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…