Царинска управа поднесе кривични пријави против фирмата увозник и цариникот за случајот со мобилните телефони

t

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава против правното лице и управителот поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Царинска измама“ по член 278-а став 2 в.в. со став 1 од Кривичниот законик.

Исто така, Секторот за професионална одговорност при Царинската управа поднесе кривична пријава против царински службеник поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353, став 4 в.в. со став 1 од Кривичниот законик.

Кривичната пријава против правното лице и управителот е поднесена поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Царинска измама“, на начин што пријавениот се обидел да увезе стока што се разликува од стоката во царинската декларација која била оцаринета и со тоа нанел штета на Буџетот на РСМ.

Кривичната пријава против царинскиот службеник е поднесена поради сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, на начин што со неизвршување на својата службена должност, не постапил согласно важечките закони и прописите на Царинската управа и овозможил наплата на царински и други давачки во помал износ отколку што реално требало да се наплати и со тоа нанел штета на Буџетот на РСМ.
Исто така, против царинскиот службеник е поднесена суспензија на работното место.

Царинската управа испраќа јасна порака дека има искрени заложби во борбата за нулта толеранција за криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред Законот мора да одговора!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…