Минималната плата во 2024 година ќе изнесува 22.567 денари
Минималната плата за 2024 година ќе изнесува 22.567 денари во нето износ и бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ во однос на минималната плата за 2023 година, е утврдено на денешната втора седница на Економско социјалниот совет (ЕСС).
На седницата на ЕСС, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се разгледуваа повеќе точки меѓу кои утврдување на висината на минималната плата, имплементацијата на работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година, Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година и Информација за учество на Меѓународната конференција на трудот во Женева во јуни 2024 година.
-По однос на минималната плата, согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика, велат од МТСП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…
Венко не може да ги обвинува сите…
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…